100%, органско, без никакви хемиски додатоци, произведено во Македонија. Етерично масло се екстрахира со дестилација на пареа, се пакува во стаклана амбалажа за да ги зачува сите негови уникатни и вредни карактеристики. Се употребува за козметички и медицински цели.
Името "helichrysum" потекнува од грчкиот збор „хелиос“, што значи сонце, и „хрисос“, што значи злато, осврнувајќи се на бојата на цвеќето. Маслото од Helichrysum често се користи за да се спречат знаци на стареење и се нарекува „Вечен цвет“ заради неговите подмладувачки придобивки за кожата и можноста за подобрување на тен.
Маслото од смиљ ја зголемува продукцијата на колаген, ги намалува брчките и стареењето на кожата и воедно ја убрзува микроциркулацијата и детоксификацијата на кожата. Од научните истражувања се покажало дека оваа билка ги намалува длабочинските брчки за 19%, а вкупната набраност на кожата за 38%.
Бидејќи има голема регенеративна моќ маслото од смиљ се користи и за заздравување на рани, изгореници и инфекции на кожата.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар