Temjanika Aristokrat

Temjanika Aristokrat

480 MKD600 MKD
без ДДВ: 407 MKD
Шифра на производ: 01
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Нашето лозје од сортата Темјаника од кое е направено ова специјално вино од серијата Аристократ се наоѓа на надморска височина од 400 m и е изложено на сонце 300 денови во годината. Ноќе пак, од планината Кожуф кон оваа микро локација се спуштаат поладни воздушни маси кои предизвикуваат брзо ладење на лозите и грозјето.

Уникатниот тероар, специфичната микро клима и нашата посветенa работа во лозјата резултираа во грозје со исклучителен квалитет. Рачната берба на најдобрите гроздови, внимателниот и брз транспорт до винарската визба, прецизната контрола на ферментацијата како и големото внимание кон детаљите во процесот на производството го создадоа врвниот квалитет на ова вино.

Темјаника Аристократ e уникатно вино кое го открива раскошот на тероарот кој остава значителен  белег на неговата индивидуалност и е наш подарок за љубителите на добриот вкус.

Опис на виното:

Бојата е златникава со зелени нијанси.

Аромата е интензивна и атрактивна со свеж карактер.

Вкусот е мек, свеж, сочен, со продолжено дејство и многу интригантен.

Завршетокот е долг и се памти.

Комбинација со храна: Најдобро е да се конзумира изладено на 10-12°C во комбинација со риба, тестенини и десерти. Добро оди и со меки сирења како камамбер и бри. За арно, за убаво!

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Винарска Визба Попова Кула АД © 2017. UKION SHOPS