Услови за користење

Винарска Визба Попова Кула врши продажба на алкохолни пијалаци преку својата е-продавница исклучиво на лица постари од 18 години.

  • должност на доставувачот е да побара исправа за идентификација од нарачателот за да го утврди идентитетот и возраста на нарачателот.

Работно време

Во согласност со Законот за Tрговија Попова Кула е должна да ги почитува обврските кои произлегуваат од овој закон, па според тоа:

  • Попова Кула врши испорака на алкохолни пијалоци преку својата е-продавница од понеделник до сабота
  • од 01.Октомври до 30.Април во периодот од 08:00 до 19:00 часот
  • од 01.Мај до 30.Септември во периодот од 08:00 до 21:00 часот
  • сите нарачки направени вон горенаведеното работно време ќе се процесираат при следното отпочнување на периодот на испорака
  • сите нарачки направени во неделите и државните празници ќе се процесираат наредниот работен ден.

Плаќање

 

Опцијата плаќање ќе ви биде достапна само во случај кога количините од нарачката ќе ги има на залиха, во спротивно ќе можете да испратите само резервација за бараните количини по што ќе ве контактираме за проверка на нарачката во период на горенаведеното работно време.

 

Сите цени се иразени во денари со вклучен ДДВ.

 

Плаќањето можете да го направите со дебитните или кредитните платежни картички MasterCard, Visa, Maestro и истото се процесира преку безбедниот систем на НЛБ Банка АД Скопје.

Политика на поврат на средства по трансакција со платежни картички

Винарска Визба Попова Кула АД не врши поврат на средствата на купувачот. Секоја направена продажба е финална.

Политика за заштита на личните податоци

Оваа политика за заштита на лични податоци го објаснува прибирањето и користењето на Вашите лични податоци кои ќе ни ги дадете користејќи ја оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за оваа веб страница и формираниот Classic Клуб.

Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Идентитет на контролорот

Оваа веб страна е сопственост на Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија и од гледна точка на законските одредби фирмата претставува контролор на збирка на лични податоци кои се прибираат со користење на оваа веб страна.

Цели на обработка на личните податоци

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители се прибираат и употребуваат единствено за цели на исполнување на нарачките и за цели на директен маркетинг од наша страна но само со ваша согласност.

Директниот маркетинг ќе го вршиме со испраќање на електронски билтен на ваша емаил адреса и со пошта на вашата адреса.

Право и начин на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг

Доколку после дадената согласност да вршиме директен маркетинг кон вас се премислите вие на едноставен начин ќе можете да ја повлечете дадената согласност за вршење на директен маркетинг.

За да не добивате електрноски билтен ќе можете да ја повлечете согласноста преку кликање на “unsubscribe from this list” копче кое ќе се наоѓа најдоле на секој електронски билтен.

За да не добивате физичка пошта ќе можете да ни пишете порака на: sales@popovakula.com.mk и ние ќе ве избришиме од листата за праќање на физичка пошта.

Доколку сакате да ја затворите вашата сметка ќе треба да ни пратите порака на sales@popovakula.com.mk но ќе треба и да ни ја вратите Клуб картичкта по пошта или директно во нашите простории, потоа ние ќе ги избришиме вашите лични податоци од нашата збирка на податоци освен податоците во сметководствениот систем кои се однесуваат на направени финансиски трансакции помеѓу вас и Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија.

Корисници или категории на корисници на личните податоци

Вашите лични податоци ќе бидат користени исклучиво од Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија.

Право на пристап и право на исправка на вашите лични податоци

По првичното отварање на сметка во било кое време по ваша најава на оваа веб страна можете да ги проверете вашите лични податоци кои ги имате оставено во нашата збирка на лични податоци преку посета на делот од оваа веб страна насловен “Моја Сметка”. На истото место ќе можете и да ги исправите вашите лични податоци.

Заштита на Вашата сметка

Вашата лозинка е клучот од Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб страницата. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности водени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете нè и сменете ја лозинката.

Информации за политиката за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите на нашата е-пошта: sales@popovakula.com.mk. Ние задолжително ќе ви одговориме со е-порака на вашата е-пошта од каде ни имате пратено порака. Доколку не добиете одговор од нас имате законска заштита за нашето непостапување.

Давање лични податоци на користење

Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции само врз основа на закон. Имено, станува збор за следните можни ситуации:

- Забрането или побарано со Закон;

- Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција;

- Истрага на измама која веќе се случила.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци безбедно се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и се заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се превземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Никогаш намерно нема да земеме лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследиме на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

Ние не вршиме  продажба на малолетни лица и при испорака бараме презентација на лични документи за идентификација. Доколку малолетно лице се регистрира на оваа веб страна и направи порачка ќе го утврдиме фактот дека станува збор на малолетно лице неговите податоци веднаш ќе бидат избришани од нашата збирка на лични податоци.

Cookies/Колачиња 

Оваа веб страница може да употребува cookies технологија во зависност од понудените форми. Cookie технологијата е корисна за прибирање информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.

Објава на промени

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци ќе бидат напишани тука и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

 

Винарска Визба Попова Кула АД © 2017. UKION SHOPS