За Нас

Винарската визба Попова Кула е создадена за производство на високо квалитетно македонско вино, но и за кавалитетен вински туризам.

Со висок критериум за избор на грозјето обрано од нашите 20 ха сопствени плантажи кои се наоѓаат во најпознатиот лозарски регион во Македонија, со висока технологија и најдобар експертски тим, ние успеавме да направиме вина со кои се гордееме.

Вкупниот капацитет на производство на Попова Кула е 650.000 литри вино, направено од меѓународни, регионални и локални сорти. Попова Кула произведува вина од интернационални сорти на грозје како Шардоне, Каберне Совињон и Совињон Блан, поради нивните исклучителни карактеристики, но ние исто така, силно веруваме дека на локално и регионално ниво имаме сорти на грозје кои имаат извонредни карактеристики и кои можат да бидат многу почитувани од страна на потрошувачите на вино ширум светот. Затоа, ние во Попова Кула сме целосно фокусирани на воведување на овие сорти на вино во нашата понуда и нивно промовирање на светските пазари.

Засега Попова Кула е единствениот производител во светот кој произведува вина од сортата Станушина, која е автохтона македонска сорта грозје. Ние сме меѓу неколкуте винарски визби на Балканот кои произведуваат вина од сортите на грозје Прокупец, Жилавка и Темјаника. И последно, но не и најмалку важно, е што произведуваме Вранец и како и другите македонски производители сонуваме за денот кога ова вино ќе биде претставено на светскиот пазар како следното големо црвено вино.

Винарска Визба Попова Кула АД © 2017. UKION SHOPS