Каберне Совињон Perfect Choice е фантастичен производ од Тиквешкиот регион. Има полно тело и богата темно црвена боја. Ова вино е симфонија од ароми: ванила, какао и џем од црни сливи, кои се чувствуваат и во вкусот. Зреено најмалку 6 месеци во четири различни видови на дабови буриња, неговиот богат вкус и одлично тело завршуваат во неверојатен, долготраен финиш. Произведено во година на одлична берба во лимитирани количини, ова е можност што не треба да се пропушти. Вистинска рапсодија на вкусови!
Препорачуваме да се конзумира на собна температура во комбинација со црвени меса, а за љубителите на експерименти ја предлагаме и комбинацијата со традиционални, позачинети јадења. За арно, за убаво!
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар