Нашето лозје од сортата Шардоне од кое е направено ова специјално вино од серијата Аристократ се наоѓа на надморска височина од 400 m и е изложено на сонце 300 денови во годината. Ноќе пак, од планината Кожуф кон оваа микро локација се спуштаат поладни воздушни маси кои предизвикуваат брзо ладење на лозите и грозјето.
Уникатниот тероар, специфичната микро клима и нашата посветенa работа во лозјата резултираа во грозје со исклучителен квалитет. Рачната берба на најдобрите гроздови, внимателниот и брз транспорт до винарската визба, прецизната контрола на ферментацијата како и големото внимание кон детаљите во процесот на производството го создадоа врвниот квалитет на ова вино.
Шардоне Аристократ e уникатно вино кое го открива раскошот на тероарот кој остава значителен белег на неговата индивидуалност и е наш подарок за љубителите на добриот вкус.
Опис на виното:
Бојата е златникава со зелени нијанси.
Аромата е интензивна и атрактивна со свеж карактер.
Вкусот е мек, свеж, сочен, со продолжено дејство и многу интригантен.
Завршетокот е долг и се памти.
Комбинација со храна: Најдобро е да се конзумира изладено на 10-12°C во комбинација со риба, тестенини и десерти. Добро оди и со меки сирења како камамбер и бри. За арно, за убаво!
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар