Вранец Victory 2015 е полуслатко црвено вино направено од покасно обрано грозје од сопствен лозов насад кое совршено ја нагласува посебноста на тероарот на микро локацијата Попова Кула. Бојата на ова вино е неверојатно длабока и интензивна со што на најдобар можен начин го отсликува самото значење на името Вранец (црн пастув). Аромите се интензивни и комплексни, со јасни ноти на цреша, капина, боровинка и аронија. На вкус ова е извонредно комплексно и богато вино со изразено полно тело каде повторно се појавуваат ноти на цреша, капина боровинка и аронија. Танините се богати, но неверојатно нежни, кадифени и добро вклопени. И покрај изразената доминантност и моќност, Вранец Victory е неверојатно добро избалансирано, фасцинантно елегантно, хармонично и питко вино. Послевкусот пак е извонредно долг.
Oва фантастично вино e перфектен израз на можностите на сортата Вранец и едно од најдобрите вина направени во досегашната историја на Попова Кула.
За арно, за убаво!
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар