Жилавка е извонредно бело вино кое се одликува со жолтозелена боја со сјајна ниjанса, карактеристична за сортата. Аромата е комплексна, овошно-вегетативна, при што доминираат аромите на свежо искосена зелена трева, македонски билки и сочни ароми на зелена праска и диња. Вкусот е полн, свеж, со изразен минерален карактер и пријатна горчина во финишот. Балансираните киселини во вкусот му придаваат исклучителна свежина на ова вино. Препорачуваме да се пие добро изладено на температура од 10-12°C како аперитив или во комбинација со риба, морска храна и пилешко, но исто така оди добро и со козјо сирење и едамер. За арно, за убаво!
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар